Деблокиран е главниот влез на државните телевизии РТВ и РТС со брза и одлучна акција на српската полиција, без употреба на сила, јавуваат српските медиуми. Група студенти се собраа пред објектите вечерта на 14 април, нешто по 22 часот. „Во соработка со обвинителството во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци, а против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува Б92. Студентите изјавија дека акцијата ја ...

Студенти и граѓани во Белград веќе трет ден ги блокираат зградите на Радио-телевизија Србија (РТС) на улицата Таковска и Кошутњак. Како што објавија студентите на социјалните мрежи, полицијата утринава успеала да ги внесе вработените во зградата на јавниот сервис, но дошло до тепачка со студентите. Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре како знак дека сакаат мирен протест. Студенти од универзитетите во Белград и ...