Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, рече дека е горд на своите играчи по победата со пресврт од 3-2 над Леванте. Каталонците по првото полувреме губеа со 0-2, а до победата дојдоа во 91-ва минута со автогол на противниците. „Нашата игра не беше совршена, но мора да признаеме дека Леванте играше добро, имаат брзи играчи. Не беше лесно бидејќи противникот се брани многу длабоко. Продолживме да напаѓаме и успеавме да ја однесеме победата. ...

Фудбалерите на Барселона ја совладаа екипата на Леванте со 2:3 во синоќешниот натпревар од шпанската Ла Лига. Вреди да се напомене дека Леванте водеше со 2:0 на полувреме, но во вториот дел Барса додаде гас и успеа да го сврти резултатот во своја полза. Домаќините одлично започнаа и со голот на Ромеро поведоа во 15 минута. Се играа последните моменти од првиот дел, кога Леванте направи контра напад и домаќините добија пенал. Искусниот 38-годишен ...