Од СДСМ реагираат дека денешното обраќање на Христијан Мицкоски е уште дна потврда дека тој е „изгубен во сопствените лаги“, додека граѓаните се соочуваат со економска криза, нови задолжувања и пад на животниот стандард. Според најголемата опозициска партија, тврдењата за економски напредок се неточни и спротивни на податоците од Народната банка и Евростат, кои укажуваат на инфлација, слаб економски раст и најнизок животен стандард во Европа. ...

Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета дека колку повеќе лаги во минута ќе каже дека толку повеќе ќе му веруваат граѓаните. Народ гледа, Мицкоски, стои во рекацијата на СДСМ по денешниот настан на Владата за една година Влада. – Срамота е да се фалиш со, ни помалку ни повеќе – 887 проекти кои никој се уште ги нема видено. Срамота е за Претседател на влада и лидер на најголемата владејачка партија по цела година на власт, апсолутна ...