Маж на возраст од 46 години загинал вчера откако бил удрен од камион на булеварот “Гоце Делчев“ во Струмица. Станува збор за Д.Т. од струмичкото село Ангелци, а во него удрил влекач Ман со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С. (56) од Богданци, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица. Со тешки повреди починатиот маж бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде подоцна им подлегнал на повредите. Возачот на ...

- На 05.02.2025 во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило - влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал, информираа од ...