Фудбалерите на ПСЖ први стигнаа до гол на „Паркот на принцовите“ во реванш полуфиналето против Арсенал во Лигата на шампионите. Се играше отворено и имаше шанси пред двата гола, а потоа Фабијан Руиз го отвори резултатот. По еден корнер топката стигна до шпанскиот фудбалер кој перфектно ја смири и исконтролира на гради, местејќи си ја на посилната лева нога. Руиз испрати волеј крај стативата од голот на Раја за предност од 1-0 во 27. минута. ...
Фабијан Руиз вечерва на 46-тиот свој настап го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, тоа го стори на мајсторски начин, со прекрасен волеј му донесе предност на ПСЖ против Арсенал. По првото полувреме во Париз е 1-0, ПСЖ има предност од 2-0 во двомечот и Арсенал мора да даде два гола (и притоа без да прими уште некој) во вториот дел за да се избори за продолженија. Руиз е вкупно 191-виот Шпанец што постигнал гол во ЛШ, а за првиот гол ...