Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?! Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар! Години наназад алармираме на оваа улица се вози како на автопат! Нема лежечки полицајци, нема контрола. Се што некогаш беше поставено, одамна ...

Уште една сообраќајна несреќа ја потресе скопската улица „Јустинијан Први“ во Скопска Кисела Вода: автомобил излета од коловозот и заврши во двор на приватна куќа. Среќа во несреќа – нема повредени, но вознемирените жители предупредуваат дека утре жртвите може да бидат нивните деца или родители. Според отворено писмо објавено на социјалните мрежи, локалците со години апелираат дека оваа сообраќајница се користи како автопат. „Колку животи ...