Во сабота (7 февруари), со почеток во 13:00 часот, на Градскиот стадион во Валандово ќе се одигра контролен натпревар помеѓу екипите на Победа Валандово и Кожуф од Гевгелија. Средбата ќе има и силна хуманитарна димензија, бидејќи целиот настан е организиран како поддршка за валандовчанецот Васко Ризов. На самиот влез од стадионот ќе биде поставена кутија за донации, каде што сите присутни ќе можат да придонесат според своите можности. За ...
Денес на Градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски натпревар со хуманитарен карактер за Васко Ризов меѓу третолигашот Победа и второлигашот Кожуф, кој заврши со резултат од 0:3 за тимот од Гевгелија. На полувреме момците на Иван Варадиновски имаа предност од еден гол, а во вториот гол беа постигнати уште два погодоци за конечни 0:3. Стрелци на погодоците во Валандово за триумф на тимот од Гевгелија беа Веби Исмаили, Александар ...

