„Не е работата да се обвинува ДУИ или ВМРО дека не го решиле проблемот. Студентите не обвинуваат никого туку бараат право на правичност“, вели универзитетскиот професор, Башким Селмани за барањето за полагање на правосуден испит на албански јазик. Тој е дециден дека треба да се слушнат групацијата на студенти бидејќи јазикот треба да не зближува. -Не смее да има простор за обвинувања туку мора да се унапредува државата, порача, меѓу другото, ...

Во рок од една недела се очекува Владата да го претстави решението правосудниот испит да се полага и на албански јазик. Заменик-премиерот Беким Сали изјави дека се работи на поширок пакет за слични прашања. „Сме во завршна фаза на консултации со експерти и верувам дека многу скоро, можеби… сега не сакам да се фаќате за временската рамка, можеби и една недела може да трае до конечната одлука која ќе ја промовираме на ист начин, верувам“, рече ...