Битола, 10 август 2025 (МИА) - ЈУ Национален парк „Пелистер“, НУ Народен театар-Битола и НУ Камерен оркестар на Битола, синоќа на Големо Езеро, под врвот Пелистер, ја изведоа претставата „Ноќта кога ја убив месечината“. Претставата во која настапија актерите Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања претставува атрактивна понуда на националните установи кои одлучија на полна месечина и на надоморска висина од 2218 метри да играат на отворено. Сите ...

Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“, својата 26-та изведба ја доживеа завчеравечер на полна месечина на Големо Езеро (2218мнв), Пелистер. Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на секојдневието, ја направија оваа ...