Вести Прв настап на Државниот оркестар од Солун во Скопје 17.05.2025 Во салата на Филхармонија во Скопје вечер со почеток во 19:30 часот прв пат ќе настапи Државниот симфониски оркестар од Солун, во рамки на концерт посветен на делата на Морис Равел и неговиот ученик, грчкиот композитор, Емилиос Риадис. Концертот ќе биде збогатен со настапи на врвни солисти од двете земји – водечката грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски познатиот ...

„Среќен, задоволен и горд сум што мојата иницијатива за една многу човечка, нормална, природна комуникација со оркестар од нашето соседство беше толку срдечно прифатена со истата визионерска мисија од страна на директорот на Државниот оркестар од Солун, Симос Папанас, и неговиот тим што нè доведе до историска посета – Државниот оркестар од Солун да настапи овде“, рече нашиот виртуоз на пијано Симон Трпчески на концертот што се одржа во Скопје ...