Стоперот Христијан Грозданоски и натаму ќе биде дел од тимот на Пелистер. Тој денеска и официјално го продолжи договорот со неговиот матичен клуб, па и следната сезона ќе има важна улога во ростерот. Пелистер веќе и официјално има нов тренер, во името на Димитар Капинковски, кој што бепе промовиран пред неколку дена. Тој секако дека ќе сака да создаде тим по свој терк, со кој ќе ги оствари зацртаните цели и амбиции на Пелистер следната сезона. ...
Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со креирањето на ростерот за новата сезона, а серијата потписи продолжува со продолжувањето на соработката со важен дефанзивец од минатата сезона. Централниот бек Христијан Грозданоски ќе го носи зелено-белиот дрес и во сезоната 2025/26, откако ја прифати понудата за нов едногодишен договор. Тој беше еден од најстандардните фудбалери во изминатата натпреварувачка година, запишувајќи 27 настапи во Првата лига ...