Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Корисниците од населбата Влае се без вода за пиење од 11 часот, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснија од претпријатието, причината е изведување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“. Прекинато е и водоснабдувањето за корисниците од населбата Бардовци. Како што појаснија од претпријатието, изведување технички зафат во пумпна станица е причината поради што засегнатите се без вода ...