Поради ремонти во РЕК Битола, ЕСМ набави струја за над 2 милиони евра за една недела. Количините се за да се покријат потребите од 6 до 11 април. Од тогаш па до крајот на неделава РЕК Битола ќе работи со намален капацитет, односно со само еден блок. Другите два се во ремонт. Набавката е направена од неколку трговци. Купени се над 18 илјади мегават часови по цени од 104 до 110 евра за мегават час. Од ЕСМ тврдат дека планираниот ремонт треба да ја ...
МВР објави дека е поднесена кривична пријава против бизнисмен од Битола кој преку цела година крадел електрична енергија за своето правно лице во вредност од 150.000 евра. „СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П.(50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или ...