Светската фудбалска федерација реши да направи една корекција на фудбалскиот календар, па од следната година ќе се променат ФИФА прозорците наменети за настап на репрезентациите. Се работи за есенските термини, односно актуелните мини циклуси во септември и октомври, кои во иднина ќе бидат споени. Наместо актуелните паузи за по два натпревара во септември и октомври, од идната година ќе има еден прозорец од 21. септември до 6. октомври. ...

Светската фудбалска централа (ФИФА) воведе значајна промена во фудбалскиот календар, која ќе стапи во сила од сезоната 2026/27 и се однесува на репрезентативните паузи. Оваа пауза е последна што се одржува на почетокот од септември. Од 2026 година паузите во септември и октомври ќе бидат споени во еден подолг период. Така, наесен 2026 година, првата пауза за националните селекции ќе трае од 21 септември до 6 октомври. Тоа значи дека во период ...