Охрид, 18. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти мај 2025 година, во 07:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Прилеп на пешачката патека кај каналот „Студенчишта“ во Охрид и во станот во Охрид во кој привремено престојувале, физички и со стаклен предмет ја нападнал неговата 32-годишна партнерка од Скопје. – По документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес ...

32-годишна жена од Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер во Охрид, притоа напаѓачот употребил и стаклен предмет, соопшти денеска СВР Охрид. Инцидентот се случил утрово околу 7 часот на пешачката патека кај каналот Студенчишта, како и во станот во Охрид каде што двојката привремено престојувала. Според пријавата, осомничениот А.Д. од Прилеп ја нападнал својата партнерка, нанесувајќи ѝ телесни повреди. „Случајот е пријавен во СВР ...