Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија му изрече драконски казни на фудбалскиот клуб Гостивар, поради неспортскиот потег и повлекувањето на играчите на натпреварот против Работнички во претходното коло во ПМФЛ. На гостиварчани им се одземени девет бода, а во следните десет кола ќе мора да играат на сто километри подалеку од својот дом. Поради тоа натпреварот од 30. коло на кој Гостивар треба да му биде домаќин на ...
Гостивар – Пелистер 0:3 (службено) Како и беше најавено вчера Гостивар се откажа од играњето во Првата фудбалска лига на Македонија, а иако постоеше можност да се појави во Струмица денес до 16:00 на теренот во Струмица во рамките на 30. коло тоа не се случи. На теренот во Струмица се појави само екипата на Пелистер од Битола и официјалните лица, делегат и судии. Според пропозициите судиите сочекаа половина час и главниот судија Јован Качевски ...
И официјално, тимот на Гостивар денеска не се појави на мечот против Пелистер во рамките од 30. коло од ПМФЛ шампионатот. Дуелот закажан во Струмица на стадионот Благој Истатов од 16:00 часот нема да се одигра затоа што домаќинот, тимот на Гостивар претходно најави, а сега тоа и го спроведе на дело, дека нема да го одигра овој меч односно се повлекува од овогодинешниот шампионат. Од друга страна гостинот, тимот на Пелистер прописно се појави на ...