Печат на познатото трговско семејство Данабаш од 1882 година е дел од вредната збирка експонати која сведочи за историјата и градската традиција на Битола, изложена во реконструираниот дел од постојаната музејска поставка во битолскиот Завод и музеј. Изложен е и документ од Јанко Данабаш на кој бил ставен печатот. Станува збор за познатата трговска фамилија Данабаш, која била толку богата што ја кредитирала и бројната отоманска војска во Битола. ...

Музејската поставка е капитален проект на битолскиот Завод и Музеј, поддржан од министерството за култура. Синоќа свечено отворена, со специјално осветлување, односно како што вели директорот Николовски визуелен ефект привлечен за сите. „Тоа е делот каде што е поместен делот на историја, делот на етнологија, градски костими и градска соба. Тие простории се финансирани дел од Европската унија, со ИПА проектот и вечерва на наше задоволство, а се ...