По 12. пат, одбојкарите на Струмица се шампиони на Македонија во одбојка. Во четвртиот натпревар од финалната серија, бранителот на титулата повторно беше подобар од предизвикувачот Штип УГД и успеа да ја одбрани титулата која е во нивните витрини веќе седум години едноподруго. ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАР: СТРУМИЦА – ШТИП УГД 3:1 (25:21, 25:19, 16:25, 25:23) / 3-1 Во четвртиот финален меч од плеј-оф серијата Струмица пред свои навивачи го совлада тимот ...

Струмица ја одбрани шампионската титула во домашното првенство во машка сениорска конкуренција откако во четвриот меч со 3:1 во сетови го совлада освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД. Струмичани ја освоија осмата шампионска титула во низа или вкупно 12-та во клупската историја, со што одбојкарите на Струмица ја продолжуваат доминацијата во македонската одбојка. Првиот сет струмичани го добија со 25:21, а вториот со 25:19. ...