Екипата на Скопје пак по 2023 година ќе игра Прва лига, откако во баражот одигран на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, славаше со резултат 1-0 во дуелот со Брера Струмица. „Пиратите“ од Автокоманда беа поконкретни во првиот дел, имаа четири обиди за гол, додека Брера имаше само една прилика преку Петровиќ, кога направи контра, но откако излезе еден на еден со голманот Наумовски, направи прекршок во напад откако го згазна ривалот ...
АП Брера Струмица и Пелистер влегоа како фаворити во бараж дуелите за пополнување на двете места во Првата лига, но на крајот двата досегашни прволигаш доживеаја шок и се селат во Втора лига. Скопје се враќа во фудбалска елита во мак-фудбалот благодарение на победата која ја оствари во Битола над Брера со резултат 0:1, а човек на одлука беше Трајчевски кој се најде на вистинско место, откако претходно пенал не реализираше Ангелов. Минималните ...

