Денеска и официјално стартува новата 34-та сезона во нашата елитна фудбалска лига. Почнува со две дербија, она во Скопје од 20 часот на Арената каде што Вардар го дочекува Пелистер во уште едно “Дерби на Македонија“ и дербито меѓу Шкендија и Шкупи под Шара од 17 часот. Секако дека во преден план е дуелот меѓу вечните ривали, меѓу клубовите кои и овојпат ќе ја имаат поддршката од своите фанови од трибините. Сосема е јасно е дека нашиот ...

Денеска од 17:30 часот во Кавадарци, во рамките на 1.коло во новата сезона во ПМФЛ, Тиквеш пред своите фанови го дочекува Работнички. Ќе имаме можност на дело да го видиме тимот од Кавадарци кој според сите прогнози и предвидувања на познавачите на мак-фудбалот, би требало да е еден од фаворитите за висок пласман. Тиквеш сега има се што треба за добар резултат. Клуб со висок буџет, одличен тренер во името на Ѓорѓи Мојсов, секако одличен играчки ...

Вардар успеа со победа да ја стартува новата сезона во ПМФЛ откако вечерва на Арената во Скопје со 4:1 го победи Пелистер во 81. “Дерби на Македонија“. И веднаш да кажеме дека со два прекрасни гола блескаше Димитар Данев. Младинскиот репрезентативец одигра маестрално, блескаше во дресот на Вардар. Гол за Вардар постигнаа и Мато и Кастањеда, а Булатовиќ стрелаше за Пелистер. Убав фудбал, убава атмосфера, на Националната Арената “Тодор Проески“ ...