Основно правно начело, согласно домашните и меѓународните правни стандарди, е да не се коментира неправосилна судска одлука, сѐ со цел да не се влијае на понатамошната судска постапка и одлучување на повисок степен, велат од Здружението на судии по јавните прозивки од премиерот Христијан Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со пресудата за лекарката Мери Пешевскаво случајот „Онкологија“, објави А1 он. Препорачано „Затоа, и во овој случај, иако ...
Чувствувам мачнина кога обвинители и судии ќе донесат таква одлука како што донесоа вчера за случајот Онкологија, а тие реагираат затоа што доцниме со реформски закони со кои треба да им се зголеми платата за и така ниските 2% доверба која ја имаат. Вака премиерот Мицкоски денеска ја коментираше вчерашната одлука на судот со која и одреди 2 години условна казна на докторката Мери Пешевска доколку во рок од 5 години не стори ново кривично дело. ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека платите што во моментов ги земаат судиите и обвинителите не ги заслужуваат, имајќи во предвид неколку судски одлуки, меѓу кои и за онкологот Мери Пешевска која призна вина и доби условна казна. Според него, кога се зборува за доцнењето на судските реформи е донесување на шест закони кои во суштина се зголемување на буџетот од коишто, како што вели Мицкоски, директно ќе имплицира зголемување на платите на ...
„Платите на најголем број судии во основните судови во РСМ, со фамозното ‘зголемување’ од 78 проценти, достигнува до 86 000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ“, велат од Здружението на судиите Од Здружението на јавните обвинители, пак, велат дека новиот предлог-закон за јавното обвинителство предвидува вкупниот буџет на институцијата да изнесува 0,5% од државниот буџет, а не од ...