Авион се урна во западниот индиски град Ахмедабад, изјавија претставници на противпожарната служба за агенцијата Франс Прес (АФП), без да дадат непосредни детали за авионот или за евентуални жртви, пренесува Гардијан. Густи облаци од црн чад се видоа над аеродромот, јави новинар на АФП. „Тајмс оф Индија“ објави дека авионот „Боинг 787 Дримлајнер“ на „Ер Индија“, кој полета за Лондон, се урна кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром ...
Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон. Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините. Премиерот на Индија, Нарендра ...