Сообраќајниот метеж над Довлеџик се случуваше организирано и наменски. СОУ „Таки Даскало“ Битола прославуваа матура во Гранд Премиер. Матуранти, нивните другари и другарки – помали и поголеми, сите во свечена облека најпрвин се соочија со тајфите кои токму сега ја гледаат својата можност за заработка. И, имаат функција да ги истераат сите нервози и сомнежи дали фустанот е погоден, шминката топ, кошулата соодветна на костумот што се става првпат ...

Со овации и громогласен аплауз, матурантите од гимназијата „Јосип Броз Тито“ ги поздравија своите професори и ја започнаа прославата. Така беше внатре, а како и сите други матури традиционално и оваа генерација матуранти, пристигнаа со автмобили пред угостителскиот објект, пречекани од музика, роднини, пријатели, другари и сите други кои дојдода да ги видат дотерани и гламурозни на црвениот килим. Влегувањето на матурантите преку црвениот килим ...

Зурли и тапани одекнаа на улицата на којашто ова не и е првпат да сведочи за прослава на матура. На ред беа учениците од средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“. Шемата е позната. Антрополозите кои матурата ја гледаат како премин – од детство во злрелост би кажале – вистински ритуал за иницијација, на децата во светот на возрасните: доаѓаш во голем стил со автомобил што го вози посебен шофер, се обидуваш да се справиш со групите кои ...

Време е за матурските прослави. Вниманието на јавноста е свртено кон матурантите, оние кои го прославуаваат завршувањето на средното образование и се пред новиот предизвик каде понатаму. Но, и нашето внимание е како во Битола традиционално се прославува матурата. Економското училиште „Јане Сандански“ ја прослави својата матурска прослава. Пристигнувањето на Широк Сокак пред хотелот Епинал , каде што беше нивната прослава, беше еден од ...