Се помалку не има… Тажна констатација која ќе ја слушнеме кога некој што го знаеме ќе замине од овој свет, особено ако е во прашање некој кому не му е време, или пак некоја позната личност. Тогаш нацијата тоне во колективна жалост, социјалните мрежи се претвораат во „некролози“, а насловниците на порталите во „Ин мемориам“ вести! Тогаш сите тагуваат, го жалат и фалат, сите споделуваат сеќавања преку заеднички фотографии и видеа, се редат ...

Со емотивна и искрена објава на Инстаграм, водителката Снеже Велков ги допре чувствата на многумина, отворајќи болно, но вистинито прашање, зошто ние луѓето почнуваме да ги цениме оние личности во нашиот живот дури кога ќе станат кревки, болни или кога веќе ќе ги нема. Објава што не осудува, туку нè тера да застанеме, да се погледнеме во себе и да се запрашаме, дали знаеме навреме да кажеме „благодарам“. Во својата објава, Велков напиша: ...