Фудбалскиот клуб Тиквеш и следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига. Сè уште актуелниот освојувач на Купот на Македонија не успеа да ја повтори успешната ланска сезона, но сепак, ја оствари целта и останува во мак-елитата, иако тоа не беа амбициите на клубот од Кавадарци пред стартот на шампионатот. Тиквеш со денешната победа над Беса од 1-0 (1-0) и математички го обезбеди опстанокот во ПМФЛ и последните две кола ќе ...

Утре се играат мечевите од претпоследното 32.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Познато е дека Шкендија е првак и ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите, додека Силекс и Работнички ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите во Лигата на Конференции. Таму ќе игра и победникот во Купот на Македонија, Вардар или Струга ТЛ. Познато е дека Воска и Гостивар веќе се исфрлени од ПМФЛ, па така останува прашањето само која екипа на крајот ...