Археолозите открија втор „скриен град“ под пирамидите во Гиза Тим истражувачи од Шкотска и Италија повторно изненадиja со нови откритија поврзани со мистериозните структури под познатите пирамиди во Гиза. Тие изјавија дека користеле радарска опрема за да детектираат голем број необични објекти длабоко под земја. Сега тие тврдат дека слични структури се откриени под соседната Пирамида на Менкаур. И под пирамидата на Менкаур има комплекс? ...

Филипо Бјонди, експерт за радари од Универзитетот во Стратклајд во Шкотска, тврди дека апаратите со сигурност од 90% потврдуваат дека под пирамидата на Микерен, најмалата од трите во Гиза, има столбови слични на оние што неговиот истражувачки тим ги открил под Кефреновата пирамида. Се претпоставува дека двете подземни градби се поврзани во масовен комплекс 300 метри под основата на пирамидите. Веројатноста од 90% е утврдена преку објективна ...