Во Скопје дојдоа како фаворити. Сепак, за разлика од ФЦСБ сите во таборот на Карабах на секој чекор покажуваат респект кон домашниот тим, кон Шкендија. Вечерва во пресрет на утрешниот прв дуел од двомечот меѓу Шкендија и Карабах, стратегот на шампионот на Азербејџан, Гурбан Гурбанов со одбрани зборови говореше за Шкендија: „Ќе играме многу важен натпревар. Противникот нè пречекува на домашен терен по двете победи над ФЦСБ. Ќе играме против тим ...
Гурбан Гурбанов, тренерот на Карабах го најави утрешниот прв натпревар против Шкендија во рамки од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Македонскиот шампион игра одлично на меѓународна сцена ова лето, па затоа Гурбанов ќе побара претпазливост од своите фудбалери, но се надева дека на крај ќе изборат позитивен резултат. „Играме многу важен натпревар. Фактот што првиот натпревар се игра во Македонија, тоа е предност за ...