Младиот 21-годишен кошаркар на ТФТ, Тома Стојаноски, го продолжи договорот со составот од Тафталиџе до 2027 година. Како што потврдија денеска од клубот, Стојаноски ставил параф на нов двегодишен договор. Стојаноски кој е поранешен репрезентативец на Македонија до 18 и до 20 години, во ТФТ дојде од екипата на Гостивар за која настапуваше неколку сезони. Во ТФТ минатата сезона на 30 натпревари имаше просек од 6,6 поени и 4,0 скока по натпревар. ...
ТФТ Скопје го задржа еден од најталентираните играчи во својот тим, бидејќи нов договор потпиша Тома Стојаноски. 21-годишникот кој игра на крилните позиции парафира соработка на две години со македонскиот вицепрвак. Стојаноски реши да продолжи да се развива во ТФТ, а клубот му ја даде таа шанса. Инаку, тој потекнува од Гостивар чиј член беше до минатото лето пред да се пресели во скопскиот тим. Во веќе завршената сезона Стојаноски одигра 30 ...