Никола Јокиќ и Шеј Гилџс-Александер цела сезона водат битка за МВП трофејот во НБА лигата, а во претходните 48 часа имаа две меѓусебни судири. На првиот во Оклахома Сити, Канаѓанецот брилјираше со 40 поени во победата на Тандер, додека во реваншот 24 часа подоцна Србинот беше доминантен во победата на Нагетс. „Ова ми е трета или четврта година по ред, па… Навистина, не знам, не можам да го контролирам. Ќе кажам дека мислам дека ја играм ...
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски доживеа елиминација со Колорадо во четвртфиналето од плеј-офот, со што синоќа го одигра својот последен натпревар во НЦАА лигата. Колорадо загуби со 77-68 од Кугарс, во мечот во кој Јакимовски беше, и покрај поразот на неговиот тим, најдобриот поединец на теренот со 25 поени, што е негов личен рекорд во НЦАА лигата. Македонскиот кошаркар дополни со осум скока и четири украдени топки. Сега за Јакимовски ...