Во понеделник се очекуваат првичните резултати од анализите на лабораторијата „Амбикон“ при УГД – Штип која започна со мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево, каде што неодамна изгоре складиште за електронски отпад. На локацијата поставени се две мерни станици кои 24 часа дневно собираат материјал за анализа. Ќе се испитуваат вкупно 32 елементи, вклучувајќи олово, жива, арсен, кадмиум и никел, како и други штетни соединенија и органски ...
Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Методија Илиевски побара итни оставки од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , од министерот за здравство Азир Алиу, како и од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, поради поради прикривањето на вистинските податоци за загаденоста на воздухот по пожарот во Трубарево, ненавремената реакција и директното загрозување на здравјето на граѓаните. Во ...
Иако најавен, се уште не е е готов извештајот на лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев за загадувањто на воздухот во Трубарево во саботата кога изгоре Фабрика за рециклирање електронски отпад. Министерот за животна средина најавува дека извештајот ќе го добијат денеска и дека денеска ќе го објават. Но стапивме во контакт со лабораторијата, од каде ни кажаа дека податоците се уште се анализираат и оти им е потребно повеќе време ...