Дел од италијанскиот печат, врз основа на неколку индикатори, изрази основани сомневања дека „францускиот претседател маневрира заедно со католичкото движење ’Сант Еџидио‘ (блиско до покојниот папа) за да ги протурка своите кандидати на престолот на Свети Петар“. Додека американскиот претседател објавува на социјалните мрежи своја фотографија (преработена од вештачката интелигенција како папа), неговиот француски колега игра на сосема друг многу ...

По неуспешното гласање и првата ноќ во изолација од остатокот од светот, околу 130 кардинали на конклавата денеска продолжуваат со потрагата по нов папа. Од раните вечерни часови во средата, кардиналите под 80 години, кои имаат право на глас, се на конклава. Што значи дека се изолирани од светот се’ до изборот на нов поглавар на 1,4 милијарди католици во светот. За денеска се закажани до четири круга гласање. По секои два круга гласање се ...