Александра Пилева Чадиева е родена на 10 јуни 1980 година во Неготино. Таа е позната македонска пејачка на поп и рок-музика. Нејзиниот прв настап бил во 1998 на Макфест со песната “Ти си тој”. Во 2000 таа започнала да настапува во Скопје, во соработка со групата “Session Selection”, со која изведувале рок песни во клубови. Заедно со овој бенд таа настапила на Макфест 2000, пеејќи ја нејзината автоска песна “Искривени слики”. Со полни 22 години ...

Звездана Ангеловска е родена на 12 јуни 1970 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин во 1993 година. Се дообразувала на Државната театарска академија на уметностите во Санкт Петербург, на отсекот за театарска режија во класата на Јуриј Красовски, каде што се стекнала со звањето магистер на театарските уметности во 2007 ...

Александар Велјановски е роден на 11 јуни 1990 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 2012 година, Велјановски се вработил во Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, каде работи до 2018 година кога преминал во Театар Комедија во Скопје. Велјановски ги остварил филмските улоги: 2013 Старо купуем ТВ-филм 2014 Љубовница ТВ-филм 2014 Тврдокорни ТВ-серија 2014 Кум ТВ-серија 2014 Враќање ...