Само неколку стотини луѓе се појавија на вечерашниот протест на иницијативата “Кој е следен”, на осудениот за палењето на канцеларијата на претседателот Иванов, Борјан Ефтимов. Оваа иницијатива, во изминатите денови се поврзуваше со студентскиот пленум, на чиј протест денеска се појавија помеѓу 10 и 15 луѓе. Иако револтот на граѓаните е огромен по трагедијата во која загинаа 59 млади во дискотеката Пулс во Кочани, овој протест не е посетен ...
Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје ги поздравија медицинските работници. Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”… Протестниот марш треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори. Со триминутен молк, ...