Жозе Мурињо доби шут-карта од Фенербахче на крајот на месец август и беше отпуштен после 14 месеци минати во Турција, земја во која доби многу фудбалски непријатели поради стилот на игра, но и поради жестоките изјави за целиот систем. Португалскиот стручњак пристигна со намера да го одведе Фенербахче до врвот во турскиот фудбал и далеку во Европа, но откако стана јасно дека тоа нема да биде случај на стартот на втората сезона, великанот од ...
Претседателот на Фенербахче, Али Коч, за првпат во јавноста ја коментираше разделбата со тренерот на тимот, Жозе Мурињо. Специјалниот беше отпуштен од турскиот великан на крајот на август откако помина една година на клупата. „Да испаднеме од Бенфика не беше проблемот. Неприфатлив беше начинот на кој тоа се случи. Останав со впечаток дека ќе гледаме ист фудбал како минатата година. Се разделивме затоа што сметавме дека овој тим треба да игра ...
Фенербахче го отпушти Жозе Мурињо поради неуспехот да се пласира во Лигата на шампионите, а турскиот клуб беше елиминиран од Бенфика со вкупни 1-0. Дефанзивниот стил на Португалецот не се вклопи во филозофијата на клубот, па управата реши да направи промена. Првиот човек на клубот откри дека таквиот пристап на Мурињо не му се допаѓа и тоа е причината поради која му врачи отказ. „Беше тоа болна разделба… Имавме добра хемија, самиот фактот што го ...