Екипата на Персебаја од Индонезија ќе има двајца македонски стопери во одбранбената линија. Диме Димов останува во клубот, а новитет е Ристо Митревски кој беше еден од најдобрите во шампионатот. 30-годишниот радовишанец Димов ги одигра скоро сите мечеви за Персебаја откако пристигна, беше на терен на 17 од 18 средби (само на една беше резерва), па раководството реши да му понуди нов договор на уште една сезона. За него ова е трета година како е ...
Македонскиот интернационалец Диме Димов, ќе биде дел од тимот на Персебаја уште минимум една година. Стоперот потпиша нов договор на една плус една година со клубот од Индонезија, што значи дека менаџментот и стручниот штаб му веруваат на искусниот стопер. Димов веќе имаше претходно едно интернационално искуство во тимот на Локо Софија, а во Индонезија очигледно одлично се снајде. „Презадоволен сум од мојот престој тука и воопшто не размислував ...