„Рајанер“ побарал да ги опслужуваат аеродромите во Скопје и во Охрид и никој друг, што според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, би значело дека државата ќе троши огромни суми пари само на нив. – Тие бараат време на извршување не повеќе од 35 минути помеѓу слетувањето и полетувањето. Тоа би значело дека ќе вработиме стотици дополнителен персонал на аеродромите само за да ги задоволиме нивните потреби – рекол Николоски. ...
Македонската влада не успеа да постигне договор со „Рајанер“ за влез на домашниот пазар, а барањата на ирскиот нискобуџетен превозник ги окарактеризира како „невозможни“. Министерот за транспорт на Македонија, Александар Николоски, изјави дека имале неколку средби со претставници на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, објави порталот за авиоиндустрија „Екс-Ју Авиејшн“. „Се сретнавме со нив два или три пати. Причината зошто не се на ...