Беа потпишани и протоколот за соработка за време на летната и зимската туристичка сезона кој го регулира меѓусебното испраќање полициски службеници за помош на туристичките места и настани во зависност од потребите, што веќе функционира во годините наназад. На единствената контролна точка ќе се проверуваат документите и патниците непречено ќе го поминат преминот задржувајќи се на една контролна точка при влез. Министерсот Панче Тошковски рече ...
Од денес, системот „Уан стоп шоп“ официјално е ставен во функција на граничниот премин Табановце со Србија. Со воспоставувањето на Уан стоп шоп, влезот во земјава ќе го контролира само полицијата на нашата земја, додека излезот ќе го контролира само српската полиција. Според двајцата министри за внатрешни работи, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, потпишувањето на овој договор ќе го олесни движењето на граѓаните на двете земји, како и на странските ...