Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи кон Европската унија (ЕУ) во исто време, велејќи дека Црна Гора, сепак, ќе „чека“ таму од 2028 година, објави Анадолија. „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од Западен Балкан да бидат примени во Европската Унија истовремено, пренесува Анадолија. Велејќи дека го презентирал својот предлог на европските лидери Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста, Вучиќ додаде дека имал „најдобри намери“ и дека не гледа рационални аргументи во реакцијата на Спајиќ. „Го кажав ...