Фудбалскиот клуб Башкими е осминафиналист во Купот на Македонија, откако славеше на гостувањето во Победа со убедливи 0-4. Натпреварот на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп во целост му припадна на гостинскиот тим. Новиот прволигаш го декласира домаќинот и се пласира меѓу шеснаесетте најдобри во најмасовното македонско натпреварување. Резултатот го отвори Хаџиќ, а потоа погоди и Ресул Мемети. По нив третиот погодок за Башкими го даде Мухарем ...

Прилеп, 9.септември 2025 (МИА) – Фудбалерите на Башкими обезбедија осминафинале од македонскиот куп. Тие попладнево во елиминациското коло како гости ја совладаа Победа со 4:0. Со овој триумф новиот прволигаш обезбеди пласман меѓу шеснаесетте екипи во ова Досега во осминафиналето се пласираа Новаци, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново и Беласица. Во првото коло слободни беа ...