Од деталите кои што се дел од ова вечерашно најново издание на фудбалскиот Куп на Македонија во кое од 20:00 часот на Арената Тодор Проески се среќаваат екипите на Вардар и Струга Трим Лум доаѓа и оној веројатно најважниот. Од Фудбалската Федерација на Македонија за овој меч, подготвија нов пехар за доделување. Оној стариот заминува во историја од една многу проста причина. Самиот пехар е пренослив односно освојовачот го има во свое поседство ...

Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра 32.финале во Купот на Македонија. Познато е дека за големиот пехар битка ќе бијат Вардар и Струга ТЛ. Во пресрет на стартот на овој меч, двајцата тренери, Гоце Седлоски и Илчо Ѓорѓиоски ги објавија стартните состава на Вардар и Струга ТЛ. Ова е изборот на Седлоски (Вардар): Талески, Босанчиќ, Донгмо, Јанкулов, Маневски, Матиќ, Омерагиќ, Сенгор, Талевски, ...