Главниот град на Грција, Атина, се подготвува за завршниот турнир во Лигата на шампионите на ФИБА, каде годинава ќе учествуваат четири исклучително силни екипи. Слично како и минатата година, и оваа имаме два шпански претставника - Уникаха и Тенерифе, а ним друштво им прават АЕК од Атина и турскиот Галатасарај. Програмата започнува со полуфиналето меѓу Галатасарај и Тенерифе (17:00 часот), а три часа подоцна силите ќе ги одмерат АЕК и Уникаха. ...
Уникаха ја освои Лигата на шампионите на ФИБА со победата над Галатасарај во Атина со 83:67. Шпанскиот тим ја одбрани титулата освоена минатата година, а тоа го направи толку доминантно што ја постигна најголемата разлика во историјата на сите девет финалиња на ова натпреварување. Третото место во Лигата на шампионите на ФИБА оваа сезона го освои АЕК со победата од 77:73 против Тенерифе. Шпанскиот тим стана втор во историјата на натпреварувањето ...