На 16 јуни православната црква го празнува споменот на Светиот маченик Лукилијан и неговите сопатници: Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и девицата Паула. Овој ден е време за потсетување на силата на верата и маченичката жртва. Во народната традиција, каде што овој ден е познат и како „Лукијан Ветреникот“, денот е проследен со одредени народни верувања. Лукилијан бил старец, поранешен незнабожечки жрец, кој во својата длабока старост, кога ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 јуни. Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула Остарен како незнабожец и идолски жрец Лукилијан како белокос старец ја позна христијанската вистина и се крсти. Неговото обраќање во христијанство предизвика голема возбуда меѓу незнабожците во Никомидија и беше изведен на суд, но бидејќи не сакаше да се одрече од својата нова вера, луто беше биен ...

