Иранските вооружени сили дадоа „понижувачки и соодветен одговор на суровоста на непријателот“, се вели во соопштението, додавајќи дека тоа кулминирало со напад врз американската база во Катар во понеделник вечерта и ракетни напади утрово врз Израел, пренесува Ал џезира. Советот соопшти дека Техеран одговорил на нападите на негова територија на пропорционален и навремен начин и „го принудил непријателот да се покае, да признае пораз и еднострано ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес во порака до нацијата објави „крај на 12-дневната војна наметната од Израел“ и рече дека не сака да се здобие со нуклеарно оружје, туку да ги реши сите несогласувања на преговарачка маса, објави новинската агенција ИРНА. „Денес, по херојскиот отпор на нашата голема нација, која со решителност пишува историја, сме сведоци на стапувањето во сила на прекинот на огнот и крајот на таа 12-дневна војна ...