недела, 6 јули 2025

Иран одлучи да стави крај на војната со Израел, но прстот останува на чкрапалото

Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека донел одлука за прекин на војната со Израел.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Иранските вооружени сили дадоа „понижувачки и соодветен одговор на суровоста на непријателот“, се вели во соопштението, додавајќи дека тоа кулминирало со напад врз американската база во Катар во понеделник вечерта и ракетни напади утрово врз Израел, пренесува Ал џезира.

Советот соопшти дека Техеран одговорил на нападите на негова територија на пропорционален и навремен начин и „го принудил непријателот да се покае, да признае пораз и еднострано да ја прекине својата агресија“.

„Вооружените сили на Исламската Република Иран, без никаква доверба во зборовите на непријателот и со прстот на чкрапалото, се подготвени да одговорат решително и одвраќајќи на секој чин на прекршување од страна на непријателот“, соопшти Врховниот совет за национална безбедност на Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но потоа двете страни истрелаа нови ракети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ