Граѓаните што протестираа во Кочани од пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани, се упатија кон домот на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани. Лицата што протестираа го пробија корднот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше граѓана со јајца и камења. На денешниот протест ...
Градоначалникот на Кочани, кој денеска си поднесе неотповиклива оставка, попладнево бил на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани во истрагата за пожарот во дискотеката во којшто животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени. – Во моментов градоначалникот на општината е во зградата и дава исказ, одговори на прес-конференција во Кочани јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој рече дека во моментот не може да потврди дека и тој е меѓу ...