Главно лоши критики доби третата сезона на серијата „И едноставно така“, продолжението на култната серија „Сексот и градот“. И додека фановите на серијата ги преплавија социјалните мрежи со претпоставки со кого ќе заврши Кери Бредшо на крајот, таа останува сама, откако две епизоди пред крајот раскина со Ејдан Шо, нејзината голема љубов. Во нејзиниот нов луксузен стан, Кери во свој стил, во ултра модерен фустан и на високи потпетици ја јаде ...

Франшизата „Сексот и градот“ заврши, со финалето на серијата „И едноставно така“, со која се заокружи обновената серија по три сезони, а главната актерка Сара Џесика Паркер кажа дека не ѝ е грижа за лошите коментари од публиката. Продолжението на „Ејч-Би-О“ на оригиналната серија која се снимаше по двата филма започна тажно, по ненадејната смрт на сопругот на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Биг (Крис Нот), и во текот на две сезони го прошири ...