Игор Додик, синот на лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, е предложен за нов претседател на Владата на Република Српска, еден од двата ентитета во Босна и Херцеговина. Одлуката денеска во Бања Лука ја соопшти претседателот на Република Српска, Саво Миниќ, по консултациите со претставниците на партиите од владејачката коалиција. Игор Додик моментално е организациски секретар на СНСД. Igor Dodik novi premijer ...

Претседателот на Република Српска, Саво Миниќ, денес треба да го објави името на мандатарот за состав на новата Влада, откако ќе завршат консултации со претставниците на партиите од владејачката коалиција. Иако Игор Додик, син на лидерот на СНСД, Милорад Додик, беше споменуван како еден од најсериозните кандидати во изминатите денови, според последните неофицијални информации, неговите шанси да ја преземе функцијата премиер се намалуваат. ...