Охрид, 15. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети пророк Авакум. Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Јерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор го нападна Јерусалим, Авакум се засолни во Исмаилската земја, од каде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на ...
Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Сава Осветен. Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во ...
Охрид, 17. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара. За време на императорот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во ...
Охрид, 16. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети пророк Софониј. Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, ...

