Силекс е еден од нашите четири клуба кои ова лето ќе ја претставува Македонија во фудбалска Европа. Во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, кратовци ќе ги одмерат силите со Дечиќ, тим од Црна Гора. Првиот меч е закажан за 10 јули и тоа во Тузи од 20 часот. Додека реваншот се игра во Скопје на 17 јули и тоа на стадионот на Фудбалската федерација со почеток од 19 часот. Секако дека како од другите, така и од Силекс нашата фудбалска ...
Вицешампионот Силекс од Кратово се подготвува за првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, а за противникот го има Дечиќ од Црна Гора. Првиот натпревар ќе биде одигран во Црна Гора, на стадионот „Тушко Поље“ во Тузи, а мечот е закажан за 10 јули со почеток во 20 часот. Реванш натпреварот ќе се игра во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, на 17 јули со почеток од 19 часот. Минатата сезона Силекс во домашниот ...