Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј денеска ги обвини европските држави дека придонеле за создавање поволни услови за американско-израелските напади што доведоа до војната со Исламската Република. За жал, европските држави помогнаа во создавање на такви услови. Наместо да инсистираат на владеење на правото, наместо да се спротивстават на заплашувањето и ексцесите на САД, тие се изјаснија и се согласија со ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека САД и Израел го прекршиле меѓународното право со напаѓањето на Иран, но дека на Иран не може да му се дозволи да има оружје со кое ќе ги напаѓа Италија и Европа. Таа рече дека сегашната криза на Блискиот Исток е една од најсложените во последните децении и дека нејзината влада не е виновна за последиците. „Интервенцијата на САД и Израел во Иран е интервенција во која Италија не учествува и нема ...